Меѓународна компетенција
Соработката која што ги надминува јазичните граници и различните културни простори добива континуирано на значење во времето на зголемена интернационализација и миграција. Истовремено, како последица на обединувањето на Европа поради отстранетите ограничувања и растечката мобилност, се создаваат се повеќе можности за средби и соработка со луѓе од други културни и јазични простори. Привремени и долгорочни миграциски движења од професионална и приватна природа го обележуваат нашето време. Далечното не само што е изненадувачки блиску, туку е и присутно.
Во овие услови, се почесто се среќаваме со различни приоди кон размислувањето и различни структури, чии што корени нам не ни се познати и повлекуваат заматени и неточни интерпретации. Не и најмалку важно, проширувањето на Европската Унија кон исток и југоисток на става пред разновидни предизвици и шанси.
Нашите семинари целат кон форсирање на самосвеста и надворешната перцепција, кон овозможувањето да се промени перспективата како и учесниците да научат да препознаваат солуции за продуктивниот развој.
Успешната соработка се заснова врз взаемна доверба, разбирање и познавање на таа односно тој што е отспроти. Интеркултурната компетенција во комуникацијата и кооперацијата при тоа претставува централна основа- за предавачите, германски и меѓународни работни групи како и за припадници на јавната администрација и разновидните контексти на економијата.
Нашата понуда во полето на интеркултурната компетенција опфаќа:
- основно познавање интеркултурна компетенција
- меѓукултура и правда
- меѓукултура и полиција
- меѓукултура и медицина
- меѓукултура и струка
- Источна Европа 1 - Русија
- Источна Европа 2 – мигрантки и мигранти од рускојазичниот простор
- ЕУ – Полска
- ЕУ – Чешка
- ЕУ – Австрија
- ЕУ – Латвија / Естонија / Литванија
Нашата понуда во полето на интеркултурната комуникација ги опфаќа следниве модули:
- успешниот дијалог со муштеријата
- телефонот како инструмент за имиџ и PR
- „безгранична“ телефонска поддршка
- концепти за разговор насочени кон целната група
- ефективна подготовка на презентации и прилози кон дискусии