Лидери во менаџмент
Побарувањата за припадниците на високи функции во јавната администрација растат постојано. Причини за тоа се одредени фактори, како на пример задачи кои стануваат се покомплексни, повисокиот степен на искористувањето на информациските технологии, како и интеркултурното отварање и долготрајната европеизација на администрацијата.
Покрај тоа, демографските промени како и растечката конкуренција од страна на приватни и јавни работодавачи, го отежнуваат се повеќе изнаоѓањето на добри кадри во раководни функции.
Поради ова, во врска со развојот на кадри на високи позиции како посебен елемент на менаџментот за персоналот, му се оддава посебно значење во јавната администрација.
Во контекст на ова, многубројни способности и компетенции, таканаречени клучни компетенции се потребни и може да бидат пренесени од страна на CIVIC-институтот за меѓународна едукација:
- способноста да се стекнеш самиот со ново знаење и задачи, да користиш медиуми и средства (како на пример јазик, технологија) интерактивно, што значи да ги применуваш за себеси, за компанијата и во внатрешните процеси. Поврзано со тоа, потребно е да се стекнеш со компетенцијата за сопствено учење и методиска компетенција
- способноста за социјална и културна интеракција во хетерогени групи како и способноста да се насочуваат комуникациски и кооперациски процеси
- способноста да дејствуваш во различни професионални контексти самостојно и да преземаш одговорност за сопственото дејствување
- способноста да ги оценуваш правилно влијанијата на европските интеграциски процеси и да ги имплементираш во административната пракса. Тука потребна е подготвеноста да се учи интеркултурно и да се стекнуваш со странски јазици
- способноста да ја следиш модернизацијата со одредена цел и да го креираш однесувањето во врска со промени, организационен развој како и change management.
- способноста да применуваш знаење за постојан развој и да си подготвен да препознаеш процеси кои не се трајни. Со тоа поврзано е размислување што ги антиципира нештата, интердисциплинарно поврзано знаење, автономно дејствување и учество во општествени процеси за одлучување
- способноста на отворен пристап со луѓето, да сослушуваш, да ги респектираш луѓето околу тебе како рамноправни со иста вредност кои имаат сопствена задача, сметајќи се како дел на еден тим за кого се ангажираат соодветно
Here you can find a photo protocol of an executive development seminar on European Integration.