Политичка едукација
Политичка едукација значи да им се овозможи на граѓанките и граѓаните да учествуваат во општествени и политички процеси. Посебно важно за нас е учесничките и учесниците на нашите семинари да ги вклучиме активно преку партиципативни методи. Исто така и нашите материјали го ставаат фокусот кон активното учество на семинаристите.
Еден главен акцент на нашата работа во политичката едукација е поврзана со Европа. Покрај тоа, заедно со нашите партнери, остваруваме исто така други проекти, како на пример во полето на економско-политичката едукација или пак проекти поврзани со прашања на мнозинства и малцинства во општества.
Системот на повеќе нивоа на Европската Унија се уште е ралитивно малку транспарентен и далеку од граѓанките и граѓаните. Нашето табло на теми поврзан со Европа поради тоа опфаќа теоретски основи, институционални и правни рамки, конкретни политички области, одлуки како и погледи кон еден очекуван развој.
Во рамките на нашите семинари и методи, прилично често се занимаваме со следниве теми:
Основи на Европската Унија
Историја на европското обединување
Политика на азил и за бегалци
Проширување на унијата
Eвропска политика за соседство
Институции на ЕУ
Политика за клима и енергија
Економска и монетарна унија
Иднината на ЕУ
Земете ги во предвид исто така и нашите симулации и разновидните публикации околу европските политички теми.