Бараме студенти кои би сакале да работат како студентски референти за нас!

Бараме

студенти кои би сакале да работат во CIVIC-институтот за меѓународна едукација како студентски референти

во рамките на училишното и вонучилишното образование со иновативни методи – пред се во контекст на симулации. Врз основа на принципот на „Peer-group-образованието” ќе пренесете интерактивно знаење и ангажман за Европа како и актуелни политички теми.

Станете дел на нашата интердисциплинарна екипа од повеќе 30 студентски референти во Северна Рајна Вестфалија и во цела Европа.

Нашите семинари, за кои бараме засилување, се оддржуваат на лице место, дигитално и како хибридни семинари во цела Германија како и во европското странство (на пример во Белгија, Грузија, Косово, Северна Македонија, Полска и Шведска). Секако дека ќе примите адекватен надомест за Вашиот ангажман.

Доколку се воодушевувате за политички, општествени и пред се за европски прашања и би сакале да го проширите Вашето знаење и Вашата мотивација со цел да го пренесете на млади луѓе, Ве молиме аплицирате кај нас!

Може да биде од корист ако студирате предмети од општествените науки, но тоа во никој случај не е задолжително!

Ве молиме да ја испратите Вашата апликација со кусо мотивационо писмо и CV до info@civic-institute.eu, г-дин Benedikt Müschenborn.

Доколку имате прашања можете во секое време да ни се обратите.