Goce Peroski
Седиште: Диселдорф
peroski@civic-institute.eu
0049 / (0)211 / 23 38 855
- Стручно образование за индустриски трговец кај ДаимлерКраислер (DaimlerChrysler) од 1998 до 2000 год.
- Студии по англистика и германстика во Тибинген, прв државен испит во Ноември 2009 год.
Гоце Пероски е прект-менаџер во Цивик - Институтот за меѓународна едукација.
Тој работи посебно во полето на политичката едукација и изведува симулации во контекстот на Европската Унија. Од 2012 год. обучува млади тренери во Холандија, Австрија, Босна и Херцеговина и Република Македонја.
Покрај тоа, тој е надворешен предавач на Академијата на германскиот сојуз на државни службеници (dbb akademie e.V.) во полето на етиката и интегритетот, методика на менаџментот во областа на интегритетот, превенцијата на корупцијата, конфликти на интерес и јавното право.
Во 2013 год. тој учествуваше како краткорочен експерт во еден мултинационален твининг-проект на Европската Унија во Црна Гора под раководство на Федералната служба за администрација на Германија. Целта на проектот беше зајакнувањето на националните установи кои се надлежни за превенцијата и борбата против корупцијата, како и изведувањето на стратегијата за превенцијата и борбата против корупцијата во Црна Гора.
Понатаму, Гоце Пероски е одговорен за концепцијата и изведувањето на воркшопови и семинари во полето на политичката и интеркултурната едукација, како и во полето на етиката и интегритетот. Тука се подразбира исто така и подготовката, како и изведувањето на манифестации со учесници на меѓународни партнери. Истовремено, тој е автор на неколку публикации од полето на политичката едукација.
Од 2013 год. Гоце Пероски е официјален претставник на организацијата „Обединета Македонска Дијаспора”, една од водечките организации на македонската дијаспора со седиште во Вашингтон (САД).
Од 2010 до 2012 год. тој беше член во Советот за странци и миграција на градот Фелбах (Баден-Виртемберг) и член на претседателството на Младите Европејци – Млади Европски Федералисти Баден-Виртемберг од 2004 до 2006 год., како и основач и член на претседателството на Германско-македонскиот културен форум „Корзо”.
Соработувал и сo Државните агенции за политичка едукација на Баден-Виртемберг и Северна Рајна Вестфалија.
Од 2005 год. е член на „Јунирскиот тим Европа”. Волонтерски е активен во рамките на германско-македонската размена.
Фокус:
- политиката на проширување и интеграција на Европската Унија
- историја и актуелна состојба во југо-источна Европа (посебно државите-наследнички од поранешна Југославија)
- процеси на трансформација на т.н. Западен Балкан
- етика и интегритет
- превенција на корупцијата
- менаџмент во областа на интегритетот
- иницирање на граѓански ангажман за младинци и за социалната работа наменета за младинци
- педагошка концепција и изведување на воркшопови и семинари
- поддршка на институт околу преведувачки дејности поврзани со тековнии активности