Добро владеење на локално ниво! Јакнење на единиците на локалнитa самоуправa со превентивни мерки против корупцијата

 width=

Како продолжение на овогодишната Регионална конференција на Развојната програма на Обединетите нации (UNDP) околу темата "Идентифицирање и приоѓање кон области ранливи од корупција на локално ниво", од 04. до 05. Октомври 2013 год. се оддржа workshop со повеќе од 30 припадници на јавната администрација на локално ниво во соработка со Конрад Аденауер Фондацијата и CIVIC-Институтот за меѓународно образавание.

Во рамките на темата "Добро владеење на локално ниво! Јакнење на единиците на локалнитa самоуправa со превентивни мерки против корупцијата" учесниците дискутираа околу аспектите на ефективната превенција на корупција и создавањето на концепти применливи во праксата.

Холгер-Михаел Арндт од CIVIC-Институтот за меѓународно образование и Инго Соргатц од Федералното министерство за внатрешни работи на Германија во рамките на нивните предавања се фокусираа на прашањето околу можноста на примањето на награди и подароци од страна на припадници на јавната администрација.

Конрад Аденауер Фондацијата би сакала понатаму да ги развие искуствата со CIVIC-Институтот за меѓународно образование и планира да овозможува годишно една манифестација околу темата на превенцијата на корупцијата на локално ниво во Република Македонија.

Hereyou can find the program of the workshop.